болница | ж.
Установа за сместување и стручно лекување на болни. Душевна болница. Детска болница. Полска болница. Тој лежеше во болница три месеци.
болничар | м.
Човек што работи околу болните во болница; што се грижи за болен.
болничен | прид.
болнички | прид.
Што се однесува на болница. Болнички мантил. Болничка соба.
Болоња | ж.
Град во Италија.
болска | несв.
За молскавица ‒ молска, сека. На небото болскаа секавици.
болскав | прид.
Сјаен. Болскава месечина.
болскот | м.
Сјај, блесок. Болскотот на кристалите ги заслепуваше.
болскоти | несв.
Силно свети, сјае. Ден снежеше, ден болскотеше скржавото сонце.
болсне | св.
За молскавица ‒ молсне, секне. На небото болсна веда.