болен | прид.
а) Што боледува, што го боли нешто. Таа е тешко болна. Тој бил болен од маларија. б) За дел од телото опфатен од болест. Болни гради. Болни нозе.
болест | м.
Нарушување на нормалните животни функции на организмот. Тешка болест. Срцева болест. Шеќерна болест.
болешлив | прид.
Што често се разболува, неотпорен, што има слабо здравје. Болешлива жена.
болештина | ж.
пејор. од болест. Војната донесе болештини и патила. Тоа е легло на болештини. Тешка болештина ме налегнала.
боли (ме) | несв.
(само во 3 л. со кратка заменска форма: ме, те, го...) Чувствува болка. Половината ја боли од седење.
боливач | м.
Едногодишна лековита билка со ситен бел цвет и пријатна миризба, камилица; Matricaria chamomilla. Низ тревата се белееја малите главички на боливачот.
Боливија | ж.
Држава во Јужна Америка.
болид | м.
Голем метеор што паѓа на земјата во вид на сјајна топка видлива и дење.
болка | ж.
Чувство предизвикано од болест, од телесно и духовно патење. Острата болка во градите го кинеше. Почувствува остра болка што се ширеше по телото.
болникав | прид.
Што се разболува често, што има слабо здравје. Жената излезе мрзлива и болникава.