боровник | м.

Место обраснато со борова шума. Боровникот е млад и чест, ветките ниско појдуваа од земја, се вплетуваа една во друга и се свиваа под снегот.

борч | м.

Долг, тоа што некој некому му должи. Куќата му ја продадоа за борчови.

борчи | несв.

Должи некому нешто, најчесто пари. Вашето село му борчи на царот сто илјади аспри.

борчлија | прид.

прид. Што е заборчен, што должи некому пари. Борчлија човек.

бос | прид.

Што е без чорапи или обувки; обуен. Децата шлапкаа боси по реката. Купи му опинци да не оди бос.

босак | м.

Го лапнува босакот на дувалото.

босилек | м.

Едногодишно градинарско растение со ситни цветчиња и пријатен мирис; Osymum basilicum. Одајата мирисаше на босилек

босилков | прид.

Што е од босилок, што се однесува на босилок. Китка босилкова.

босилковина | ж.

Мирис од босилок.