боринар | м.

Човек што бере борина. Некои дрвари, боринари врват по патот.

боринов | прид.

Што е од борина. Боринови деланки.

бориновина | ж.

Мирис на борина. Замириса бориновина и тој мирис му дојде како мевлем за душата.

бори се | несв.

Прави физички напор да победи, да надвие некого во борба еден со друг. Нашиот борач ќе се бори со првакот на вашата земја во борење. Тој се бореше во мојата бригада.

бормашина | ж.

Електрична или рачна дупчалка.

Борнео | ср.

Остров во Индонезија.

боров | прид.

Што е од бор. Борова шума. Борови иглички.

боровина | ж.

Борово дрво, градежен материјал од борово дрво.

боровинка | ж.

(бот.) Вид зрнесто, планинско овошје; Vaccinium myrtillus. Момчињата набрале некои темјанужни малини и боровинки.

боровиште | м.

Место обраснато со борова шума. Колоната скршна во боровиштето.