брадавичав | прид.
Што е со многу брадавици. Лицето му беше брадавичаво.
брадавичест | прид.
Што личи или има форма на брадавица. На крушката имаше безброј брадавичести израстоци.
брадавка | ж.
брадат | прид.
Човек што носи брада. Брадат човек.
брадва | ж.
Дрводелска секира, алат за делање штици за каци и сл.
брадест | прид.
Што има брада; брада 2.
брадина | ж.
Тој што носи голема брада.
брадоса | св.
Обрасне со брада. Целиот брадосал.
брадјоса | св.
Бразавил | м.
Главен град на Република Конго.