брадоса | св.

Обрасне со брада. Целиот брадосал.

Бразавил | м.

Главен град на Република Конго.

бразда | ж.

Тесен долг трап, плиток ров по површината на почвата што го остава плугот или направен со друго орудие за обработка на земјата, појас од разорана земја што се протега по должина. Тракторот зад себе оставаше свежо изорани бразди.

браздест | прид.

Што се однесува на бразда, што има форма на бразда. Браздеста ерозија.

бразди | несв.

Прави вдлабнатина во форма на бразда. Ралото ја браздеше црната земја. Момчето во песокот браздеше некакви искривени браздички.

Бразил | м.

Држава во Јужна Америка.

Бразилија | ж.

Главен град на Бразил.

бразлетна | ж.

Накит што се носи на рака; гривна, белезица.

брак | м.

Општествено регулирана, озаконета врска меѓу две лица од спротивен пол; заедница од таа врска. Склучи брак. Граѓански брак. Црковен брак.

браќа | м.

Множина од брат.