баксузен | прид.

Што се однесува на баксуз. Баксузен човек. Баксузна жена. Баксузна работа.

бактерија | ж.

Микроскопски мал, едноклеточен жив организам, подвижен или неподвижен, кој живее како паразит. Некои од бактериите предизвикуваат заразни болести.

бактериолог | м.

Тој што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.

бактериологија | ж.

Наука што се занимава со проучување на особините и на животот на бактериите.

бактиса (се) | св.

Ми (ти, му, ...) стане досаден, здодевен; боктиса. Ми (се) бактиса оваа работа.

Баку | ср.

Главен град на Азербејџан.

баќушка | м.

Назив за Русите и руските војници. Православниот баќушка нема да позволи војната да трае долго.

бакшиш | м.

Подарок, дар, награда за направена услуга. Купи бакшиш. Снаата ќе донесе бакшиши за сите.

бал | м.

Свечена вечерна игранка само за поканети гости, обично во сала. Кнегиницата ми помага да го направам балов повесел и поубав.