бала | ж.
Голем и цврсто стегнат врзоп, обично од платно. Спакува сè во една бала и се врати во селото.
балабан | м.
Висок, крупен човек. Го врзаа балабанот во синџири.
балада | ж.
Лирско-епска песна со тажна содржина. Сестрата трујачка ја наоѓаме во народната балада.
баладен | прид.
Што има карактер на балада, романтичен и тажен. Го потенцира основниот баладен пример.
баладичен | прид.
Таа тема добива еден баладичен звук.
балалајка | ж.
Вид руска триаголна тамбура со три жици.
балама | м.
Глуп, глупав, умствено ограничен човек. Жените знаеле за ноќната игра на своите брадати балами.
баланѕа | ж.
Кантар, уред за мерење. На баланѕата легнува денк по денк.
баланс | м.
Рамнотежа. Има баланс помеѓу двете страни.
балансира | св. и несв.
Одржи, одржува рамнотежа. Тој сака да балансира меѓу двете работи.