будалетина | м.

Аугументатив и пејоратив од будала.

будали (се) | несв.

Зборува или се однесува како будала, се прави будала. Си се натрескал, па се будалиш. Не будали (се)!

будалиште | ср.

Пејоратив од будала.

Будва | ж.

Приморски град во Црна Гора.

буден | прид.

Што не спие. Будниот чувар стражарел цела ноќ.

буди | несв.

Прекинува состојба на спиење, прекинува некому сон. Мајката секое утро нежно го будеше синчето. Ме будат грмежи што доаѓаат откај планината.

будизам | м.

Религија настаната врз основа на филозофското учење на Сидарта Гаутама, наречен Буда ‒ просветен. Во Индија будизмот е основна религија.