бука 2 | ж.
Шум, врева. Звучниците крескаат и се трудат да го надвладеат сиот брмчеж и бука.
букагии | ж.
Метални алки со кои ги оковувале затворениците, пранги. Чифт букагии на нозе / и дробен синџир на раце.
букар | м.
Дрвен сад за вода со синџир за носење преку рамо или за товарање на добиток. Жените ги наполнија букарот, бардачето и ѓумовите со вода и си тргнаа назад.
буква | ж.
Знак со кој се означуваат одделните гласови во јазикот. Мала буква. Голема буква.
буквален | прид.
Што одговара на напишаното од збор до збор, доследно, целосно. Буквален превод. Буквална смисла. Буквално значење.
буквар | м.
Книга од која се учат буквите, за почетно учење. Разликата меѓу разгледаните буквари е во редоследот на буквите.
букварка | ж.
букет | м.
Китка цвеќиња, обично уредно аранжирани. Тој ѝ подари букет од темјанушки.
букле | ср.
Предено или ткаенина, набрчкано, што има кадрави нишки. Букле волница. Букле џемпер.
буклинка | ж.
Буков желад.