бабалак | м.
Тест (татко на жената).
бабар | м.
Преправен човек, кој, на 14 јануари, оди по куќите и изведува игри и прави шеги во врска со празникот. Тајфите бабари што одат низ селата, од куќа на куќа, кога ќе се сретнат, стапуваат во битка. Од врв планина слегуваат бабари со ѕвонци.
бабачко | м.
Човечиште, крупен и силен човек. Си станал веќе бабачко. За да биде работата уште повесела, покрај кафезот седеа тројца бабачковци со машински пушки.
бабаџан | м.
Баб ел Мандеб | м.
Бабелмандепски Проток | м.
Проток што ги дели Африка и Азија.
бабилика | ж.
Шумско дрво, високо десетина метри, со плод сличен на мала круша; оскоруша; Sorbus torminalis.
бабинбабиниот | прид.
Што се однесува на баба. Бабиниот двор. Бабино внуче.
бабински | прид.
Што ѝ припаѓа на баба. Бабински работи.
бабица | ж.
Жена што помага при породување на друга жена и се грижи за бебето во првиот период; акушерка. Старата беше бабица во селото.