бабјак | м.
Двегодишна билка што расте на неплодни запуштени места како плевел, висока до два метри со жолти цветови, блостур; Verbascum phlomoides.
баблаче | ср.
Мал меур или оток. По кожата ѝ се накреваа баблачиња како по полазување на гасеници.
бабнатина | ж.
Оток. Ги напипа тврдите бабнатини.
бабне 1 | св.
Силно удри. Двете експлозии бабнаа одеднаш.
бабне 2 | повр.
Набрекнува жила. Жилите бабнеа, значи човекот е жив.
бабовина | ж.
Оставина од татко; бабалак 4. Имам бабовина. Ова ми е и дедовина и бабовина.
бабот | м.
Татнеж. Се слушаше баботот на камионите.
баботало | ср.
Тој што баботи, што зборува постојано и гласно. Престани, баботало!
баботач | м.
Дрдорко. Баботач еден, престани, само баботиш!
баботевица | ж.
Силно бучење, баботење, врева. Градската баботевица се слушаше далеку. Баботевицата од дворот постепено стивнуваше.