балчак | м.
Рачка на сабја, на јатаган, на меч и сл. Имаше крива сабја со бакрен балчак. Влезе, држејќи го рожниот балчак од својата кама.
бам! | изв.
За подражавање силен звук со низок тон што трае кратко (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). Камбаната бие: Бам!
Бамако | ср.
Главен град на Мали.
бамбадијала | прил.
Обично во составот: за бадијала ‒ бесплатно. Што чудо пари фрлив за бамбадијала.
бамбашка | прид.
Особен, необичен, своевиден. Тој е бамбашка човек.
бам-бум | изв.
За подражавање силен звук со низок тон што се повторува (обично од камбана, од пушка, од тапан и др.). И бам‒бум! бам‒бум! ‒ тапани тропаа.
бамбус | м.
Вид тропска трска висока од 25 до 30 метри што се користи за мебел, за спортска опрема и сл.; Bambusa arundinacea. Бамбусите се брануваа на слабиот ветрец.
бамбусов | прид.
Што е од бамбус. Носи бастун од бамбусова трска. Бамбусова трска. Бамбусово масиче.
бамја | ж.
Вид зеленчук со месеста мешунка, полна со зрна; Hibiscus esculentus. Бамјата е зеленчукова култура што се одгледува кај нас пренесена од Средниот Исток.
бамка | несв.
Тропа, удира. Цел ден бамка.