бамкалец | м.

Дрдорко, мрморко.

бан | м.

Самостоен или вазален владетел на држава.

банален | прид.

Обичен, излитен, секојдневен, општ. Мојата работа е обична, банална. Оваа игра е монотона и банална. Банални примери. Случајна и банална споредба. Работата е сосема банална.

банализација | ж.

Банализирање. Се спротивставува на тенденцијата за банализација.

банализира | св. и несв.

Направи, прави нешто да биде банално. Не дозволувам да се банализира тоа што било.

банана | ж.

Тропско дрво со големи лисје и со жолтеникави долгнавести плодови што се јадат; Musa paradisiaca. Бананата му се истопи в уста.

Банат | м.

Регион во Војводина.

Бангкок | м.

Главен град на Тајланд.