бањар | м.

Тој што одржува ред во бањата и ги услужува капачите. Бањарот ги упати гостите во базенот.

бањарка | ж.

(За жена) бањар.

бањач | м.

Капач. Беше прв и последен бањач во реката.

бап! | изв.

За подражавање звук (обично ненадеен) што се слуша при брз пад на нешто или при удар со тап предмет. Скокна од крушата и на земјата направи ‒ бап!

бапка | несв.

Удира некого со нешто. Го бапка затвореникот со тупаници. Го бапка во грбот.

бапка | ж.

Гуша. Пчелата има и една мала бапка, ќесе за собирање на нектарот. Мравите матицата ја хранат од содржината на бапката.

бапне | св.

Падне со тресок, тресне; грубо удри со тресок. Бапна наземи шишенцето. Главечки бапна од колата.

бапски | прид.

Што припаѓа, што се однесува на баба. Не плаши се од бапски јуриш нити од старска клетва. Тоа се бапски приказни.