банов | прид.

Што припаѓа на бан. Зел банова ќерка. Стоел под бановото знаме. Пребледна намесникот банов.

бановина | ж.

Област со која управува бан. Живееше во една земја, во една нејзина бановина. Ја запозна бановината со сите нејзини драми.

Банско | ср.

Село во Струмичко.

банство | ср.

Власт и достоинство на бан. Тој го застапуваше банството.

банува | несв.

Управува со бановина. Долго време банува со оваа област.

банчин | прид.

Банџул | м.

Главен град на Гамбија.

бања | ж.

Минерални извори со уреди за капење, лекувалиште. Ја запозна во бањата, каде што се лечеше од ревма.

бања | несв.

Капе некого. Ги бањаа малите деца.