барутана | ж.

Зграда во која се чува барут и друг експлозивен материјал. Ја отворија барутаната.

барутен | прид.

Што се однесува на барут, што е од барут. Барутен чад. Експлодирал барутниот магацин.

барутница | ж.

Работилница за правење барут. Во неговата барутница се правеше барутот и секоја година по неколку товари се носеа во тврдината.

барутчија | м.

Тој што прави или што продава барут.

бархет | м.

Вид памучна ткаенина со ленена основа; Порхет. Пижамата е од бархет.

барџав | прид.

Што е црномурен, што има црни очи и коса и потемна боја на кожата. Барџаво момче.

барџан | прид.

бас 1 | м.

Најдлабокиот машки глас. Војводата викна со дебелиот бас.

бас 2 | м.

Облог. На бас се фаќам во што сакаш.

басамак | м.

Скала, лествица. Басамаците беа дрвени.