басен | м.

Област од којашто водите се слеваат во некоја река, езеро или море.

Басетер | м.

Главен град на Свети Китс и Невис.

басист | м.

Пејач што пее бас.

баскија | ж.

Летва. Ќерамидите се ставаат на баскии.

Баскија | ж.

Автономна покраина во Шпанија.

басма | ж.

Вид шарена памучна ткаенина; циц. Фустанот ѝ беше од обична басма. Девојчињата носеа шарена басма.

басмар | м.

Тој што продава басма. Басмарот секогаш скусувал, ама никој не го фатил.

басмен | прид.

Што е од басма. Се покри со еден басмен јорган. Девојчето беше облечено во шарено басмено фустанче.

басна | ж.

(лит.) Кратка епска творба во стих или во проза со поучна содржина, во која луѓето и нивните карактеристики обично се претставени преку животни, растенија или предмети. Волкот е редовен актер во басните.