бастион | м.
Издаден дел од бедем на тврдина; кула на тврдина. Во градот имаше неколку бастиони.
бастиса | св.
Изврши претрес, нападне, опколи. Аскерот целото село го бастиса.
бастра | ж.
бастум | м.
бастун | м.
Специјално изработен стап со свиткана рачка за потпирање при одење. Ја накриви шапката и со бастунот во рацете отиде на шетање.
батак 1 | м.
Блато, мочуриште, кално место. Водата од изворот над текот на реката правеше голем батак околу куќичето. Зацапа во батакот, започнаа да му пропаѓаат нозете.
батак 2 | м.
батаклив | прид.
Блатен, блатски, каллив, каловит. Ме доведоа во батакливо место.
батакчија | м.
Нечесен, расипан човек. Не гледаш ли дека и тој тргнал со батакчиите.
батакчилак | м.
Измама, нечесно работење.