беснило | ср.

Заразна болест кај животни (кучиња, лисици, волци) што се пренесува на човекот со каснување или од директен контакт со заболено животно. Го касна бесно куче и млад умре од беснило.

беснотија | ж.

Состојба на бес.

беспарица | ж.

Скудност во пари, немање пари. Беспарицата ги притиска луѓето. Беспарицата го присили да ги откаже договорите.

беспартиски | прид.

Што не припаѓа на партија; што не се раководи од определени партиски принципи.

беспатен | прид.

Што е без пат, непрооден. Беспатен прнар. Беспатна земја. Беспатна пустина.

беспатица | ж.

Беспаќе. Згустена беспатица. Талкач по беспатици.

беспаќе | ср.

Предел, место без пат. Снежно беспаќе. Планински беспаќа. Беспаќа, проколнати места на кои ни дивината не остава трага.

бесперспективен | прид.

Што е без перспектива. Бесперспективен живот. Бесперспективна иднина.