бескаматен | прид.

Што се дава без камата. Бескаматен кредит. Бескаматни заеми.

бескарактерен | прид.

Што е без карактер, што има лош карактер. Бескарактерен човек. Бескарактерно однесување.

бескласен | прид.

Што е без класи, што не е поделен на класи. Првобитно бескласно општество.

бескомпромисен | прид.

Што не е за компромис, непомирлив. Бескомпромисен став. Бескомпромисна борба. Бескомпромисен реалист. Бескомпромисни луѓе.

бесконечен | прид.

Што нема крај, бескраен. Бесконечен пат. Бесконечна оддалеченост. Бесконечни простори.

бескорисен | прид.

Од кој нема корист, што не придонесува, некорисен. Бескорисен труд. Немоќен е и бескорисен. На патот плачливи, бескорисни деца што постојано бараат некој да се грижи за нив. Алпинизмот му изгледаше како бескорисен напор.

бескраен | прид.

Што нема крај (за простор, време, големина). Бескраен лавиринт. Бескрајна морска ширина. Бескрајна ноќ. Бескрајно поле. Бескрајни височини.

бескрај | м.

Својство на тоа што е бескрајно, бескрајност; неизмерност. Бескрајот на просторот. Сите се стремеа кон бескрајот и вечноста. До бескрај се шири белината на снегот.

бескрвен | прид.

Што е без доволно крв, слабокрвен; блед. Старечка бескрвна рака. Бескрвни усни.

бескрилен | прид.

Што е без крила. Бескрилна мравка. Бескрилните вошки се со жолтеникава боја.