бељаџија | м.

Тој што прави беља. Малечок е, ама голем бељаџија.

беќар | м.

Неженет човек, момче, ерген. Стар беќар. Селски беќар. Двајца беќари.

беќарство | ср.

Период на животот што се минува како беќар. Младо беќарство.

беќарува | несв.

Оди беќар, ергенува. Тој уште беќарува.

беџ | м.

Значка, обележје. Голем беџ. Беџ со натпис. Повеќе беџови. Два беџа.

би | чест.

Формообразувачка, за образување можен начин (потенцијал). Тој би викнал, би зборувал. Тие би останале.

би | св.

Стана, се случи. И би светлост. Би свадба и помина.

би- | претс.

Претставка во зборови од туѓо потекло со значење два, на пр.: биполарен, билингвален, бигамија, бинокл.

библиограф | м.

Составувач на библиографија. Научен библиограф. Личен библиограф.