бивакува | несв.
Престојува во бивак, логорува.
бивол | м.
Преживар од родот на говедата со црна кожа и јаки рогови; Bos bubalus. Црн бивол. Два бивола. Џевгар биволи.
биволар | м.
Тој што води, чува биволи.
биволица | ж.
Женка од бивол. Млеко од биволица. Стадо биволи и биволици.
бивш | прид.
Поранешен, некогашен. Бивш учител. Бивши комита. Бившиот претседател. Бивша сопруга. Бивши чорбаџии
бигамија | ж.
Брачна заедница на еден маж со две жени. Бигамијата во многу земји се казнува. Некои граѓани живеат во бигамија.
бигамист | м.
Маж што живее во бигамен брак.
бигор | м.
Шуплив варовит камен што се создава во извори и слапови. Шуплив бигор. Плочи од бигор.
бигорен | прид.
Што е од бигор. Бигорен камен. Бигорна земја.
бигориште | ср.
Место со бигорен камен. Бигоришта под Чука.