водовачка | ж.

Место каде што се собира или тече вода во помала количина. На повеќе места се беа направиле водовачки.

водовод | м.

Инсталација, постројка за довод на вода во населени места или одделни објекти. Поставуваа цевки за водовод.

водоводен | прид.

Што се однесува на водовод. Водоводна мрежа. Водоводни цевки.

водоврик | м.

Влажно, мочурливо место. На патот имаше водоврик и кал. Газеше низ водоврици.

водовричен | прид.

Што е влажен, мочурлив. Водоврична ливада. Водоврично земјиште.

водовртеж | м.

Место во река, езеро и сл. каде што водата се врти во круг; вител. Реката е дива и полна со водовртежи.