в 1 | глас

в 2 | предл.

Глас, звучна согласка во македонскиот стандарден јазик, уснена според местото на образување, фрикативна според начинот на образување.

в- | претс.

Претставка/префикс

ваа | зам.

Показна заменка за трето лице еднина, женски род.

ваби | несв.

Вика, повикува, мами, примамува животно.

Вавилон | м.

Древен град и држава во Месопотамија.

Вавилонија | ж.

Античка држава во Месопотамија, денешен Ирак.

вага | ж.

Направа за мерење тежина. Сточна вага. Децимална вага.

вага | несв.

Мери тежина на нешто, премерува. Препорачливо е овие грла повремено да се вагаат, да се следи нивната жива маса.