водопад | м.

Место во река, поток и сл. каде што водата паѓа од високо. На реката има водопад. Се сликаше кај водопадите.

водопаден | прид.

Што се однесува на водопад. Водопадни води.

водопиец | м.

Лице што пие само вода, а не и алкохол.

водорлив | прид.

водород | м.

Хемиски елемент, гас без боја, вкус и мирис кој е составен елемент на водата; симбол H. Водата се состои од водород и кислород.

водороден | прид.

Што се однесува или припаѓа на водород. Водородна молекула. Водородни атоми.

водосвет | м.

Обред за осветување вода. На водосветот имаше многу луѓе.

водоскок | м.

Водна струја што блика нагоре; фонтана. Покрај водоскокот играа деца.

водоснабдување | ср.

Снабдување на населено место или објект со вода. Водоснабдувањето во повисоките делови на градот е отежнато.