Дамаск | м.
Главен град на Сирија.
дамаскин | м.
Вид црковен зборник со поучни текстови во кој јазикот од црковнословенски е приближен до народниот.
дамаскина | ж.
дамаскинар | м.
Составувач, преведувач или препишувач на дамаскини.
дамаскинарски | прид.
Што се однесува на дамаскинарство и на дамаскинар. Дамаскинарска литература. Дамаскинарска дејност.
дамаскинарство | ср.
Составување, преведување или препишување дамаскини.
дамасклија | ж.
Вид тешка, крива сабја каква што ковале некогаш во градот Дамаск. Сече со сабја дамасклија.
дамаст | м.
Вид волнена, ленена или свилена ткаенина што потекнува од градот Дамаск. Костум од црн дамаст. Чаршаф од дамаст. Драперии од дамаст.
дамин | прид.
Што ѝ припаѓа на дама. Дамин фустан.
дамка | ж.
Извалкано место, петно. Дамки на чаршафот.