дамин | прид.

Што ѝ припаѓа на дама. Дамин фустан.

дамка | ж.

Извалкано место, петно. Дамки на чаршафот.

дамкав | прид.

Што е со дамки. Дамкав коњ. Дамчести деца

дамкичав | прид.

дамкоса | св.

Направи дамка на нешто, извалка. Си ја дамкосал кошулата.

дамкосан | прид.

Што има дамки. Дамкосано лице.

дамла | ж.

Срцев или мозочен удар, апоплексија. Го удри дамлата и падна мртов. Се здебели и ја стрефи дамла.

дамлосан | прид.

Што е парализиран, фатен (во дел од телото); што добил срцев удар. Лежи дамлосан.

дамлоса се | св.

Се парализира, се фати; добие срцев удар. Стрико ми се дамлоса.

дамна | прил.