доброи | св.

Изброи до крај. Продавачот ги доброи парите и ги стави во касата.

добронамерен | прид.

Што има добри намери, што сака да прави добро на другите. Губернаторот се искажа за него дека е добронамерен човек.

добрососедство | ср.

Состојба на добри односи меѓу соседи. Тоа решение отвора вистински и трајни перспективи за добрососедство, дружба и соработка.

добротвор | м.

Лице што прави добри дела, што дава помош, заштита и сл. Сомневајќи се дека ќе може да смета на заштита од својот добротвор, тој стана уште понесреќен. Третата година од запознавањето неговиот добротвор се разболе.

добротворен | прид.

Што е наменет за добротворство; што служи за хумани, добротворни цели. Добротворни организации. Добротворни акции. Добротворни манифестации.

добротворство | ср.

Дејност на добротвор, особина на тој што прави добри дела; добротворност.

доброчинителство | ср.

Особина на тој што прави добри дела; добро дело;