добрчи | св.

Престане со брчењето.

добута | св.

(разг.) Со бутање донесе нешто до некое место; дотурка. Со последни сили ја добуткавме колата до гаражата.

добучи | св.

Престане да бучи.

довади 1 | св.

Извади до крај. Знаеше дека без помош не ќе може да ги довади дрвата од долот.

довади 2 | св.

Заврши со полевањето. Ги довадив цвеќињата.

довалка 1 | св.

Дотркала. Го довалка бурето до визбата и го исправи.

довалка 2 | св.

Извалка до крај, потполно, сосем извалка. Тој ги довалка панталоните работејќи нешто околу автомобилот.

довапса | св.

Заврши со боење, вапсање.. Ги довапса јајцата и почна да ги реди во чинијата.

доварди | св.

Дочува, зачува. А, леба ми, тројца ергени ќе можат една сестра да довардат. Таа ноќ момчето не заспа и ја доварди нивата.

довари | св.

Свари добро, заврши со варењето. Го доварив ручекот.