доизвиди | св.

Извиди секаде, заврши со извидувањето на некоја околина.

доизвитка | св.

Извитка до крај, сосема.

доизвиши се | св.

Се извиши до крај, сосема.

доизвлече | св.

Извлече сосема, до крај.

доизврви | св.

Помине нешто (место, пат) до крај.

доизврзе | св.

Изврзе нешто до крај, сосема.

доизврти | св.

Изврти нешто до крај, сосема.

доизгази | св.

Изгази нешто до крај, сосема, заврши со газењето.

доизгаси | св.

Изгаси нешто до крај, сосема, изгаси сѐ.