доизгине | св.

Изгине сѐ, сите до еден.

доизгледа | св.

Изгледа нешто или некого сосема, од сите страни, заврши со гледање. Ја доизгледа претставата и му се допадна.

доизгмечи | св.

Изгмечи сосема, до крај.

доизгние | св.

Изгние сосема, до крај.

доизгори | св.

Изгори до крај, догори.

доизгради | св.

Изгради нешто до крај. Ја доизградивме куќата летово.

доизгребе | св.

Изгребе нешто до крај, сосема.

доиздаде | св.

Даде нешто до крај, сѐ што има. Ја доиздадовме старата облека за сиромашните.

доиздели | св.

Издели сѐ, до крај, доподели, разграничи сосема. Таткото го доиздели имотот.

доизделка | св.

Изделка нешто недоделкано сосема, до крај.