доизмеси | св.

Измеси сѐ што е предвидено, сите теста.

доизмете | св.

Измете до крај.

доизмие | св.

Измие сѐ што било за миење.

доизноси | св.

Износи сосема, до искинување облека, обувки. Палтото ти е старо, го доизноси веќе.

доизоди | св.

Изоди до крај.

доизора | св.

Изора до крај.

доизработи | св.

Изработи до крај.

доизрази | св.

Изрази нешто сосема, до крај. Песната ја доизразува мудрата идеја: сѐ да се создава по законите на убавото.

доизрамни | св.

Израмни наполно, сосема.

доизрече | св.

Изрече сѐ, до крај.