доисплакне | св.

Исплакне сѐ што било за плакнење.

доисплати | св.

Исплати нешто сосема, до крај. Го доисплати кредитот за стан.

доисплаче | св.

Престане со плачењето. Ја доисплакавме старата куќа.

доисполни | св.

Исполни до крај, сосема нешто неисполнето. Останатиот простор го доисполнивме со разни дребулии.

доисправи | св.

Исправи нешто или некого сосема. Мајсторот го доисправи клинот со чекан. Таткото се поткрена, а синот го потфати и го доисправи.

доиспразни | св.

Испразни нешто до крај. Ја доиспразни чашата со вино.

доиспрати | св.

Испрати сѐ што било за испраќање. Вчера сестра ми ми ги доиспрати алиштата.

доиспраша | св.

Испраша за сѐ, до крај. Стоевме уште со сосетката и ме доиспраша за сѐ и сешто.

доиспреде | св.

Испреде сѐ, до крај. Ја доиспреде волната.

доиспродаде | св.

Испродаде сѐ, до крај. Го доиспродаде имотот во селото.