доиспуши | св.

Испуши сѐ, до крај. Ја доиспуши кутијата цигари.

доистанчи | св.

Истенчи сосема, до крај. Баба ми ја доистенчи кората.

доистепа | св.

Истепа, убие сѐ, сите до еден.

доистера | св.

Истера, избрка сѐ, сите до еден. Жената ги доистера децата од пред зградата.

доистече | св.

Истече сосема, заврши со течењето. Виното од бурето доистече.

доисткае | св.

Исткае сѐ што било за ткаење. Ги доисткав килимите за внуката.

доистовари | св.

Истовари сѐ. Ја доистоварија стоката во камионот.

доистопи 1 | св.

Истопи сѐ, сите. Ги доистопив диплите што се за перење.

доистопи 2 | св.

Истопи сѐ. Го доистопи златото што го имаше.

доистреби | св.

Истреби, исчисти нешто сосема, до крај. Те молам, доистреби го гравот.