докусури | св.
Уништи, упропасти до крај, убие. Оваа навика ќе те докусури тебе! Лежам во оваа гробница и мислам зошто не ме докусурија.
докутура | св.
Дотркала. Во дворот докутура едно големо буре.
докуца | св.
Дојде, стигне некаде со куцање. Исплашен докуцал дома. Полека докуцка до мене.
дол | м.
Вдлабнато место меѓу два рида каде што тече или некогаш течела река. Од обете страни на овој сув дол се издигаа карпести ридови. Само од долот шуми реката.
долае | св.
Престане да лае. Кучето долаја и се врати кај стопанот.
долаже | св.
Заврши со лажењето. Ги лажев девојките и ги долажав.
долази | несв.
Дојде, стигне некаде со лазење. Тој долазил до него и му рекол да не се плаши.
долак | м.
долактица | ж.
Дел од раката помеѓу лакотот и дланката. Ја избриша устата со долактицата. Раце долактици како снопје се креваа нагоре.
долама | ж.
Машка горна облека со ракави, обично волнена и долга. Беше облечен во долга црна долама.