домава | св.

Престане со мавањето. Домавал со прачката по грбот на магарето и седнал.

домазет | м.

Маж што по женидбата живее во куќата на родителите на својата жена. Се оженив и отидов домазет.

домазетство | ср.

Состојба на мажот што живее како домазет. Во нивната фамилија никогаш немало домазетство.

домака | св.

Заврши со макањето. Го домака јадењето во чинијата.

домал | прид.

За прст – што се наоѓа меѓу средниот и малиот прст. Секирата ми го преполови домалиот прст. Се удрил со камен по домалиот прст.

домами | св.

Привлече некого да дојде, придобие со мамење. Тој ме домамил ваму за да ме фатат во стапица. Свирката го домамила девојчето.

домар | м.

Лице што се грижи за одржување на дом, куќа, простории и сл. Клучевите се кај домарот.

домаршира | св.

Стигне марширајќи до определено место, до некаде. Тие домаршираа пред неа и ја поздравија строго.