допати | прил.

Следниот пат, другпат. Допати ќе дојдам и кај вас.

допатка | св.

Дојде, стигне некаде со паткање. Таа кроце допатка до неговата одаја. Допаткавме до дома.

допатува | св.

Дојде, стигне до определено место (обично со превозно средство). Јас допатував по твоја лична покана. Тој допатува со еден стар автобус. Во градот допатувал циркус.

допее | св.

Пее, испее до крај. Тој ја допеа песната.

допекува | несв.

допере | св.

Заврши со перењето, испере сѐ што било за перење. Да доперам и ќе дојдам.

допечати | св.

Напечати, испечати до крај. Книгата беше допечатена по неговата смрт.

допече | св.

Испече нешто до крај, го заврши печењето на нешто до потребната мера. Таа го допече зелникот. Овој фурнаџија честопати не го допечува лебот.

допие | св.

Испие до крај. Тој на еден здив ја допи воткта. Останаа да го допијат виното.

допир | м.

Допирање со рака, со дел од телото; непосредно, наполно доближување на еден предмет со друг. Тој се стресе од студениот допир на нејзиното чело. Секој допир на табанот со земјата го чувствуваше како усвитен убод. Ги чувствуваше допирите од јазикот на срнчето.