доора | св.

Заврши со орањето, изора до крај. Ги ораше браздите што не успеа да ги доора татко му.

доостри | св.

Остри, изостри до крај. Доостри го моливчето!

доотвори | св.

Отвори нешто до крај. Радосно ја доотворил портата. Ги доотвори очите.

дооформи | св.

Оформи нешто до крај. Брзо ја дооформи сликата.

допаѓа | св.

За лисје и сл. – испаѓа до крај. Допаѓаа сите лисја на липата.

допадлив | прид.

Што е убав, привлечен, симпатичен. Косата ѝ беше свиена во допадлива фризура. Под него се постилаше допадлива глетка.

допадне | св.

Ми се бендиса, (ми) остави убав, силен впечаток. Ни малку не му се допадна оваа глетка. Девојката многу му се допадна. Ми се допаднаа неговите манири.

допадне | св.

Дојде, стигне неочекувано, одненадеж. Во одајата допадна едно дете. Како допадна ти овдека?

допара | св.

Распара до крај, целосно. Ги допара чорапите.

допасе | св.

Престане да пасе, заврши со пасењето. Воловите допасоа и тој ги потера кон дома.