допладневен | прид.
Што се однесува на времето до пладне. Допладневни активности.
доплакува ми | несв.
доплата | ж.
Разлика во цената или вредноста на нешто што треба да се доплати; додаток во пари за делумно платен предмет. Стариот стан го заменив за поголем со доплата.
доплати | св.
Плати, исплати до крај. Разликата беше доплатена со државни пари. Ја доплативме и последната рата од кредитот.
доплаче | св.
Престане да плаче. Го доплакаа мртовецот.
доплеви | св.
Исплеви до определено место, до крај. Ги доплевив леите со кромид.
доплеска | св.
Плеска, исплеска до крај. Го доплеска месото и го стави на скарата.
доплете | св.
Исплете до крај. Баба ми го доплете џемперот уште вчера.
доплива | св.
Стигне некаде со пливање. До другиот брег допливаа само неколкумина. Не се решаваше да доплива до островчето.
доплови | св.
Стигне некаде со пловење. Бродот доплови во близина на екваторот. Туристите допловија до брегот и тука се истоварија.