дваесетка | ж.
Тоа што е означено со бројот дваесет (зграда, автобус и др.).
дваесетмина | бр.
Дваесет луѓе. Испитот го положија дваесетмина.
дваесетти | бр.
Бројна придавка од дваесет. Дваесетти век.
дваесеттина | ж.
Дваесетти дел од нешто.
дваж | прил.
Двапати, двојно. Двојно да тажиш и дваж да се мачиш.
двајца | бр.
Две лица, маж и маж или маж и жена. Двајца браќа. Двајца мажи. Се најдоа брат и сестра, двајцата се расплакаа. Ајде, моме, ние двајца да се земеме.
двамина | бр.
дванаесет | бр.
Број за два поголем од десет; се бележи со бројката 12.
дванаесет- | претс.
Како прв дел од сложени придавки и именки кој покажува дека од тоа што го означува основата во другиот дел од сложенката има дванаесет: дванаесетгодишен, дванаесетгодишник, дванаесетгодишнина.
дванаесетерец | м.
Стих од дванаесет слога со цезура по шестиот слог.