драмџија | м.

Скржавец, циција. Тој е голем драмџија.

дрангулија | ж.

Ситница без голема вредност (обично разни украсни предмети, бижутерија и сл.). Истави ги овие дрангулии да не пречат.

драпа | несв.

Силно чеша. Луѓето ја драпаа кожата.

драпач | м.

Лице што се потсмева, се подбива со некого; Тој е голем драпач.

драперија | ж.

Тешка, набрана ткаенина како завеса или како украс над врата, над прозорци или на ѕидови. Бела драперија. Тешки драперии.

драпне | св.

драпа.

драска | несв.

Повредува, оштетува некого или нешто гребејќи со нокти или со остар предмет. Мачињата го драскаа по рацете. Детето со шајка драскаше по масата. Песот ја драскаше вратата.

драсканица | ж.

Рана добиена од драскање. Драсканици на лицето. Црвена драсканица.

драскач | м.

Лице што пишува бесмислици, глупости. Тој е драскач што знае само за бабини приказни.