драсне | св.
драска_1 Ме драснал на рамото. Мачето ме драсна.
драстичен | прид.
Што дејствува брзо и веднаш, има силен ефект. Драстични лекарства. Драстично средство. Најдрастичен пример.
драч | м.
Драч | м.
Град во Албанија.
дрвар | м.
Лице што сече и носи дрва за огрев. Еден дрвар. Доаѓаа дрварите.
дрварина | ж.
Такса што се плаќала за сечење дрва во шумата. Скапа дрварина.
дрварник | м.
Место покрај куќата каде што се чуваат и цепат дрвата. Голем дрварник. Селски дрварници.
дрварница | ж.
Место каде што се складираат и се продаваат дрва. Управник на дрварница.
дрвен | прид.
Што се однесува на дрво. Дрвна индустрија. Дрвна растителност.
дрвен | прид.
Што е направен од дрво. Дрвен стол. Дрвена лажица. Дрвени копја.