дрводелство | ср.

Дрводелска дејност, занает за изработка на предмети од дрво. Развиено дрводелство.

дрвојад | м.

Вид црв, штетник што ги напаѓа дрвјата; Cossus cossus. Дрвцето е уништено од дрвојади.

дрворед | м.

Засадени дрвја во ред покрај улици, булевари и сл. Убав дрворед. Липови дрвореди.

дрворез | м.

Изработка на предмети со сечење и длабење во дрво; резба, копаница. Олтар во дрворез.

дрворезбарство | ср.

Резбарска дејност; резбарство, копаничарство. Народно дрворезбарство.

дрворезен | прид.

Што е изработен во резба. Дрворезен таван.

дрвоса | св.

Направи да стане нешто тврдо како дрво. Ја дрвосаа варта.

дрвосечач | м.

Лице што сече дрва во шумата.

дрдало | ср.

Дел од гајда; брчало, бучало. Дрдалото на гајдата.

дрдореница | ж.

Безначаен, бесмислен збор. Навредливи дрдореници.