дрвенарија | ж.
Предмети од дрво. Продавница за дрвенарија.
дрвенарица | ж.
Вид штетен инсект што ги напаѓа овошните дрвја; Zeuzera pyrina. Дрвенарицата ги напаѓа гранките и послабите стебла.
дрвенест | прид.
Растение, плод што е тврд како дрво. Дрвенеста вегетација. Дрвенестиот дел на јаболкото.
дрвеница 1 | ж.
Вид мал инсект, паразит што живее во дрвени предмети и се храни смукајќи крв од човекот и од некои животни; тавтабита; Cimex lectularius. Го јадат дрвеници и болви.
дрвеница 2 | ж.
Полукружна штичка на предниот дел од самарот. Се држеше за дрвеницата.
дрвесина | ж.
Ситна, прашинеста материја што паѓа при сечењето на дрвата. Газат на деланки и дрвесина.
дрвјаница | ж.
дрвник | м.
Глупак, будала. Дрвник ниеден.
дрво | ср.
Повеќегодишно растение со корен, стебло и гранки. Високо дрво. Липово дрво. Шумски дрвја. Гранките на дрвјата.
дрводелец | м.
Занаетчија кој изработува предмети од дрво; столар.