дренажен | прид.
Што се однесува на дренажа. Дренажен канал. Дренажна мрежа.
дренак | м.
дренина | ж.
дренка | ж.
Плод од дрен. Ракија од дренки. Црвена дренка.
дренковица | ж.
Ракија од дренки. Шише дренковица.
дренов | прид.
Што припаѓа, што се однесува на дрен, што е направен од дрен. Дренови гранки. Дреново дрво. Дренова рачка.
дреновина | ж.
Дренови дрва. Сечеше дреновина.
дренок | м.
Вид винова лоза и сорта грозје со издолжени зрна. Црвен валандовски дренок. Црн валандовски дренок.
дрес | м.
Спортска облека во која се настапува.
дресер | м.
Лице што се занимава со дресура. Добар дресер.