дресина | ж.
Количка на четири тркала, со рачен или моторен погон што се движи по железнички шини. Стара дресина.
дресира | св. и несв.
Изврши, врши дресура. Тој дресираше две мечки.
дресура | ж.
Скротување или обука на животни заради определена цел (лов, циркус, војска и сл.) Се занимаваше со дресура на мајмуни.
дречи | несв.
Паѓа в очи, се истакнува. Фустанот ѝ дречеше.
дречлив | прид.
Што е впечатлив или многу се истакнува. Дречлив глас. Дречлива музика. Дречливи бои.
дрешка | ж.
држава | ж.
Политичко-правна, меѓународно призната, суверена општествена заедница со свои органи за остварување на законодавната, извршната и судската власт, организирана на определена територија.
државен | прид.
Што припаѓа, што се однесува на држава. Државно знаме. Државен орган. Државни пари. Државен интерес.
државјанин | м.
Припадник на една држава. Македонски државјани.
државјанство | ср.
Припадност кон определена држава. Македонско државјанство.