двеглав | прид.

двегодиначе | ср.

Обично, за живо суштество, за дете што има две години. Дете двегодиначе.

двеилјадити | бр.

Бројна придавка од две илјади. Двеилјадита година.

двер | м.

(арх.) Врата. Двери од ковано железо.

двесте | бр.

Основен број двапати поголем од сто; се бележи со бројката 200.

двестедрамник | м.

Шишенце што собира двесте драма течност, обично ракија. Де, мала, еден двестедрамник и мезе од кукурек. Седи, пуши и пие двестедрамници со ракија.

двестемина | бр.

Двесте луѓе, двесте души. На работа дојдоа двестемина.

двестотен | бр.

Бројна придавка од двесте.

двестоти | бр.

Бројна придавка од двесте.