две-тристотини | бр.

Приближно од двесте до триста.

двечки | бр.

Двечки јагниња. Двечки дечиња.

двигател | м.

Машина што користи некаков вид енергија за движење на други машини или превозни средства; мотор. Електричен двигател. Парен двигател. Дизелов двигател.

движен | прид.

Што може да се движи; подвижен. Движен имот.

движечки | прид.

Што движи, што поттикнува движење. Движечка сила во општеството.

движи | несв.

Прави нешто да работи, да дејствува, да се преместува. Водата го движи воденичкиот камен.

дво- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење дека е двојно, два на број тоа што го означува основата на вториот дел на сложениот збор: двоглав, двогодишен, дводневен, двокатен, двокатница.

двобој | м.

Борба со оружје меѓу двајца противници во присуство на сведоци; дуел. Го набљудуваше тој смртоносен двобој како секундант.

двоброј | м.

Два броја од списание во една свеска.