дрзник | м.

Тој што е дрзок; безобѕирен. Опасен дрзник. Дрзник низаеден!

дрзок | прид.

Што е безобразен, безобѕирен. Дрзок поглед. Дрска навреда.

дрибла | несв.

(спорт.) Ја води топката во цик-цак линија со мали и постепени движења на нозете, провлекувајќи ја покрај противничкиот играч кој настојува да ја одземе.

дриблинг | м.

Во фудбал, кошарка и сл. – непречена и подолготрајна игра со топката на еден ист играч којшто со посебна техника и почитувајќи ги правилата на играта не му дозволува на противникот да му ја одземе топката.

Дримкол | м.

Област во Југозападна Македонија.

дркол | м.

Старец. Двајца дрколи.

дрма | ж.

Ниска шума составена од грмушки и разни ниски дрвја. Се засолнивме во дрмите. Го нашле во дрмата во долот.

дрмлив | прид.

Што е обрастен со ниска шума и грмушки. Дрмливо место.